Dejan Maksimoviç
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Тимот од Првата шпанска лига Атлетико Мадрид, склучи четири годишен договор со напаѓачот на Севиља, Кевин Гамеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на онлајн-сајтот на тимот, стоеше дека Севиља склучи договор со Гамеиро. Дваесет и девет годишниот француски фудбалер, вечерва по здравствената контрола официјално ќе го потпише договорот.
Во соопштението не беше дадена информација во врска со надоместокот, но шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид платил 32 милиони надомест. Атлетико Мадрид, за Гамејро, заедно со платениот надомест, го испрати и Лусиано Вието на позајмица за една година во Севиља.
Кевин Гамеиро, кој играше за Севиља, за три сезони на 140 официјални настапи, оствари 67 погодоци и 17 асистенции.