Bilgin S. Şaşmaz
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ЧИКАГО (АА) - Полигоните за „фрлање на секири“ кои за првпат се отворени во Соединетите Американски Држави (САД) за тие кои бараат различни начини за ослободување од стрес и кои за кратко време брзо се шират во повеќе земји, сега имаат лига во рамките на која ќе се избра светскиот шампион, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската лига за фрлање секири (The World Axe Throwing League - WATL), се одржува во САД, Канада, Бразил и Ирска како и во 15 градови меѓу кои е Чикаго.
Натпреварувањето се одржува на 9 и 10 октомври, при што домаќин на овој настан е компанијата „Bad Axe Throwing". Овој турнир е првиот шампионат за фрлање секири во светот, а во него околу илјада лица ќе се натпреваруваат осум недели.
„Фрлачите на секири“ ќе се оценуваат според 40 дневни фрлања во првите седум недели, а на натпреварот кој ќе се реализира во осмата недела ќе бидат повикани најдобрите во ова натпреварување.
Натпреварувачот кој ќе биде избран за најдобар ќе освои парична награда од 3.500 долари.