Bilgin S. Şaşmaz
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ЧИКАГО (AA) - БИЛГИН.С. ШАШМАЗ -
Апликацијата „Звучни чекори“ (Loud Steps), развиена од турските инженери, апликација која на слепите, без помош од други лица, им овозможува пронаоѓање на насоката кон којашто сакаат да се движат во затворен простор, почна да се применува во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Програмата за промоција на апликацијата се одржа во хотел во американскиот град Чикаго.
Како учесник во Програмата, Американецот Паул Пончилија, лице со оштетен вид, ја изврши практичната презентација на апликацијата и стигна без помош до целите поставени во хотелот.
Пончилја, по промоцијата, за АА, истакна дека многу нешта кои се сметаат за многу неважни во секојдневниот живот, би можеле да создадат сериозни тешкотии за лицата со оштетен вид.
- „Наместо да бидам вознемирен, можам со сигурност да го најдам патот“ -
„Можам самоуверено да го најдам патот, без да бидам вознемирен, благодарение на прецизната ориентација на апликацијата“, рече Пончилја, признавајќи дека е многу тешко лицата со оштетен вид да се ориентираат во местата како што се хотелите во кои одат за првпат.
Пончилја рече дека се чувствува како „сите други“, благодарение на „звучните чекори“. „Примената на „Звучни чекори“ претставува добар почеток и е посебно важно за луѓето како мене. Исто така, ни требаат и други апликации како што е оваа“, изјави тој.
Угур Ајдемир, еден од инженерите, истакна дека апликацијата за звучни чекори со користење безжичен интернет е првата апликација за затворени простории за хотелите во светот.
Наведувајќи дека апликацијата, во исто време, е и проект за општествена одговорност, Ајдемир го рече следното: „Со нашата апликација, ние нудиме неверојатни погодности за животот на слепите лица и им даваме можност да дејствуваат независно еден од друг.“ Тимот што работеше на апликацијата, според тестовите што ги спроведе со 12 слепи лица од различни делови на САД, доби многу позитивни реакции.
Инженерот изјави дека ќе создадат стандарди за навигација во затворен простор, како резултат на проектите што ги спроведуваат речиси две години, со многу центри за оштетен вид, кои работат во САД, и рече дека на основата на проектот, исто така, ќе има апликација за звучни чекори.
Тој рече дека апликацијата е добар избор бидејќи може да се користи преку безжичен интернет, независно од операторот. „Ние нудиме услуги за лица со оштетен вид на околу 100 локации во 8 земји и многу сме амбициозни во оваа област. Ги гледаме САД како голем пазар, и имаме сериозни цели.“
Исто така, генералниот конзул на Турција во Чикаго, Умут Аџар, кој учествуваше во Програмата, истакна дека се горди што апликацијата развиена од турски инженери, се користи во земја во која технологијата е многу развиена.
Менаџерот на хотелот, Џон Калан, рече дека практиката е многу важна за лицата со оштетен вид. „Гостите со оштетен вид повеќе нема да треба да добиваат помош од 4-5 луѓе за да ја најдат својата соба.“
Првата апликација во светот, која беше лансирана во август 2017 година, на аеродромот во Анталија обезбедува навигација на аеродромот преку безжичен интернет, се инсталира на мобилни телефони, независно од операторот, и им овозможува на лицата со оштетен вид да го најдат местото каде што сакаат да поминат без потреба од помош.