Emre Aşıkçı
05 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Тројца турски спортисти освоија медали на европскиot турнир во кревање тегови во Русија, објави Федерацијата за кревање тегови на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварувајќи се на Сениорското првенство во кревање тегови на Европската федерација за кревање тегови во Москва, Муамер Шахин освои сребрен медал во категоријата до 55-килограми, откако подигна 112 килограми.
Подигнувајќи вкупно 287 килограми, Ферди Хардал освои бронзен медал во категоријата до 61 килограми.
Сумеје Кентли го освои бронзениот медал во женска конкуренција во категоријата до 55 килограми откако крена 110 килограми.
Настанот, кој започна на 3 април, ќе трае до 11 април.