Ekip
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција уапси тројца водечки членови на екстремно левичарската терористичка група ДХКП-Ц, соопштија властите денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Озгул Е., наводната германска шефица на терористичката група, и уште две водечки фигури беа уапсени по долга истрага“, се вели во соопштението на Федералното обвинителство.
Озгул Е., која, исто така, и во Турција се наоѓа на листата на најбарани терористи, беше уапсена во понеделникот во југозападниот град Хајделберг, соопштија германските обвинители.
Таа беше осомничена за организирање пропаганда, регрутирање и финансирање на терористичката група низ Германија, а се верува и дека ги снабдувала со лажни пасоши членовите на групата.
Серкан К., кој ги координирал активностите на терористичката група во северна Германија, беше уапсен во Хамбург во вторникот.
Обвинителите соопштија дека третиот член на групата, Ихсан Џ., бил уапсен во западниот град Бохум во средата.
Тој беше осомничен за координирање на активностите на ДХКП-Ц во јужна Германија, организирање пропагандни активности и обезбедување лажни документи и логистичка поддршка за терористичката група.
Германија ја протера терористичката група ДХКП-Ц во 2000 година, но групата е сѐ уште активна во земјата и според германската разузнавачка агенција БфВ, има околу 650 следбеници помеѓу имигрантската популација.
Покрај Турција, и Соединетите Американски Држави и Европската Унија ја ставија ДХКП-Ц на листата на терористички организации.