Firdevs Yüksel
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
КАЗАЊ (АА) - Во Казањ, главниот град на Руската Република Татарстан, денеска започна 13. Меѓународен економски самит во Казан, во присуство на голем број економски претставници на Русија и на исламските земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
13. Меѓународен економски самит: Русија - Исламски свет: Самит во Казањ 2022 година, чијшто глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолија, започна со свечено отворање на изложбата „Русија халал експо 2022“.
„Настанот се одржува во рамките на активностите на Групата за стратешка визија на Русија и Исламскиот свет“, рече претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов за време на својот говор.
„Самитот во Казањ е главната и единствена платформа во нашата земја на економската интеракција меѓу регионите на Русија и земјите од Организацијата за исламска соработка“, рече тој.
„Се претстави како успешна деловна платформа за воспоставување нови контакти, претставувајќи ги економските можности и инвестицискиот потенцијал на нашата земја“, додаде.
Тридневниот настан има за цел да ја поттикне соработката во трговијата, економијата, научната и технолошката соработка и да ги промовира социјалните и културните врски меѓу Русија и земјите од Организацијата за исламска соработка.
Економијата на споделување и халал индустријата ќе бидат на агендата на настанот. Други клучни теми се исламските финансии и партнерското банкарство, младинската дипломатија, развојот на извозот и претприемништвото и инвестициите.
Настанот ќе го опфати и Форумот за кластери за машинско градење, Светскиот ден на халал и настаните посветени на 1.100-годишнината од прифаќањето на исламот од страна на Бугарите од Волга.
Меѓу традиционалните настани на Самитот се Форумот на млади претприемачи од земјите на ОИС, Форумот на млади дипломати на земјите на ОИС и „СберТалк“ - мултимодална офлајн платформа за дискусија за да се разговара за проблемите на финансискиот сектор со претставници на Владата и бизнисот.