Zuhal Demirci
19 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија соопшти дека одлучила да воведе нови санкции за руската авиоиндустрија поради руската војна против Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на британското Министерство за надворешни работи се нагласува дека трите авиокомпании, „Аерофлот“, „Урал ерлајнс“ и „Раша ерлајнс“ нема да можат да ги продадат своите неискористени места за слетување кои се во вредност од 50 милиони фунти во ниту еден аеродром во Велика Британија.
Се наведува дека санкциите ја доведоа во застој способноста на рускиот претседател Владимир Путин да води војна и ги оштетија виталните синџири на снабдување.
- „Ќе продолжиме да ја таргетираме руската економија“
Министерката за надворешни работи, Лиз Трас, чии ставови беа вклучени во соопштението, истакна: „Веќе го затворивме нашиот воздушен простор за руските авиокомпании. Сѐ додека Путин продолжува со својот варварски напад врз Украина, ние ќе продолжиме да ја таргетираме руската економија.“
Нагласувајќи дека секоја економска санкција ја засилува јасната порака дадена на Путин, Трас подвлече дека нема да запрат додека Украина не победи.
Велика Британија им забрани на руските приватни авиони да го користат нејзиниот воздушен простор на 25 февруари по започнувањето на руската војна против Украина.
Русија соопшти дека како одмазда од истиот датум го затворила својот воздушен простор за британските авиони.