Ömer Tuğrul Çam
19 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Агенцијата на Европската Унија (ЕУ) за гранична заштита, „Фронтекс“, соопшти дека бројот на Украинци кои по нападите на Русија ја напуштиле својата земја и влегле во земјите членки на ЕУ, се искачи на 6,3 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на „Фронтекс“, Украинците, покрај од својата земја, во земјите членки на ЕУ влегувале и преку Москва.
Најмногу Украинци дошле во Полска (3,4 милиони), а по неа следуваат соседните земји Романија (1,8 милиони), Унгарија (650.000) и Словачка (420.000).
Се истакнува дека дневно во просек 32.000 Украинци ја преминале границата и влегле во земјите членки на ЕУ.
Во последните денови е забележан раст во бројот на лицата кои влегуваат во Украина.
Од почетокот на војната во февруари досега во земјата влегле 2 милиони лица, од кои половина се државјани на Украина.
Инаку, украинските државјани во земјите члени на ЕУ може да влегуваат без виза.