Mert Davut,Handan Kazancı
15 Мај 2024•Ажурирај: 18 Мај 2024
КАЗАН (АА)
„Казан Форум 2024: Русија-исламски свет“ започна со отворањето на Меѓународниот Халал пазар - Казан, известува Анадолу.
Меѓународниот форум, кој годинава се одржува по 15. пат и чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу (AA), ќе трае до 19 мај во Казан, главниот град на Република Татарстан, која е дел од Руската Федерација.
Настанот „Казан Форум“, на кој ќе се разговара за економските и социјалните односи меѓу Русија и исламските земји, започна со церемонијата на отворање на Меѓународниот Халал пазар Казан, трговска платформа посветена на муслиманите.
На пазарот, каде што на посетителите им се нудат 4.500 стандардни халал производи донесени од различни делови на светот, може да се купат халал сертифицирана храна, облека, додатоци, козметика и други производи за широка потрошувачка од водечки производители од исламскиот свет.
Во соопштението во кое му се даде место на воведниот говор што на отворањето го одржа Рустем Миниханов, претседател на Република Татарстан од Руската Федерација, тој истакнува дека се развива глобалниот пазар на халал производи и дека Татарстан има повеќе од 100 производители на халал храна.
Претседателот Миниханов нагласи дека халал пазарот во Татарстан им овозможува на своите учесници да воспостават комерцијални врски и напомена дека пазарот вклучува широк спектар на производи од руските региони и од други земји.
Подоцна Миниханов ги посети штандовите на пазарот и се сретна со менаџерите на компаниите учесници.
- Денес почнаа економските седници
Се планира во рамките на „Казан Форум 2024: Русија-исламски свет“ да се зајакнат комерцијалните, економските, научните, техничките, социјалните и културните врски меѓу Русија и земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).
Главни теми на економските сесии ќе бидат меѓународната соработка, исламските финансии и инвестиции, халал пазарот, науката и технологијата, човечките ресурси, туризмот и културата.
Покрај тоа, во рамките на Форумот ќе бидат организирани и културни настани, како се „Меѓународен турнир на млади готвачи Јунус Ахметзјанов“ и „Модест фешн деј“.