Berad Büyük
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул денеска се одржа престижниот полумаратон на кој кениската атлетичарка Рут Чепнгетич го собори светскиот рекорд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чепнгетич ја заврши Трката на Истанбулскиот полумаратон „Н Колај“ со време 1.04.01 и стана нова светска рекордерка во таа дисциплина.
Таа за точно половина минута го сруши рекордот поставен минатата година од Етиопјанката Абабел Јешане (1.04.31).
Во машка конкуренција на Истанбулскиот полумаратон победата ја зеде кенискиот натпреварувач Кибивот Канди.
Светскиот рекордер во полумаратонот, Канди, ја заврши трката во градот на Босфорот за време од 59.32, со што постави нов рекорд на полумаратонот во Истанбул.