спорт

Лестер Сити го продолжи договорот на Ихеаначо

Келечи Ихеаначо на последните 4 натпревари постигна 7 погодоци, а во март беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Hüseyin Burak Demirer  | 03.04.2021 - Обновена : 06.04.2021
Лестер Сити го продолжи договорот на Ихеаначо

АНКАРА (АА) - Клубот од англиската Премиер лига, Лестер Сити, го продолжи времетраењето на договорот на Нигериецот Келечи Ихеаначо, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на клубот, 24-годишниот фудбалер, кој од 2017 година го носи дресот на Лестер Сити, потпишал нов договор со клубот што е валиден до крајот на сезоната 2023-2024.

Ихеаначо оваа сезона со дресот на овој клуб одигра 28 натпревари и постигна 12 погодоци.

Тој има важен удел во успехот на Лестер Сити, кој на табелата се наоѓа на 3. позиција.

Ихеаначо на последните 4 натпревари постигна 7 погодоци, а во март беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.