Erbil Başay
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
БЕРЛИН
Германските медиуми со критики пишуваат за репрезентацијата на Германија, која вчера беше поразена од фудбалска репрезентација на Северна Македонија со резултат 1:2 на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Катар 2022, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Списанието „Кикер“ (Kicker) објави вест со наслов „Нов срам“, во која се наведува дека натпреварите на репрезентацијата одиграни во март, завршуваат со нанесување голем удар.
Весникот „Билд“ (Bild) на насловната страница објави вест со наслов „Каков срам“. Во веста се критикува тренерот на германската репрезентација, Јоаким Лев, поради овој пораз, и се вели дека состојбата во репрезентацијата предизвикува загриженост и страв.
Од друга страна, весникот „Судојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung) напиша дека фудбалот на Северна Македонија доживеа една од најуспешните вечери, и укажувајќи на состојбата во групата Ј, подвлече дека германскиот фудбал останал зад Ерменија и Северна Македонија.
Исто така, весникот „Тагешпигел“ (Tagesspiegel) го користеше насловот „Германија се посрамоти“.