Admir Fazlagic
31 Март 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
СКОПЈЕ
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Дуизбург ја совлада репрезентацијата на Германија со резултат 1:2 на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Катар 2022, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 22. по ред Светско фудбалско првенство што во 2022 година треба да се одржи во Катар, синоќа се одиграа 15 натпревари во групите Б, Ц, Д, Ф, И и Ј од европските квалификации.
Во групата Ј репрезентацијата на Германија на домашен терен ја пречека Северна Македонија. Северна Македонија извојува победа од 1:2 над Германија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во вечерашниот натпревар настапија многу организирано и во одбраната и во нападот, во текот на целиот натпревар и се изборија за историска победа против репрезентацијата на четирикратниот светски првак, Германија.
Во дополнителните пет минути од првото полувреме, капитенот на црвено-жолтите Горан Пандев ја искористи шансата и го совлада германскиот голман Тер Штеген. Во вториот дел од мечот, домашната репрезентација го израмни резултатот со голот на Ѓундоган во 63. минута. Ѓундоган постигна гол од пенал. Веднаш потоа, избраниците на Јоаким Лев имаа уште една шанса за комплетен пресврт на натпреварот, но Вернер не постигна гол од чиста позиција за погодок.
На само 5 минути пред крајот на натпреварот, Елмас одлично ја искористи добиената топка од Адеми и постигна погодок кој беше доволен за победа на Македонската фудбалска репрезентација на гостински терен во Германија.
По три одиграни кола, Македонската репрезентација има шест бода, откако прво тесно изгуби од Романија во Букурешт (3:2), а потоа со 5:0 го победи Лихтенштајн.
Во групата Б Шпанија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Косово. Домаќините победија со 3:1, а погодоците за Шпанија ги постигнаа Олмо во 34. минута, Феран Торес во 36., и Жерар Морено во 75., додека погодокот за Косово го постигна Халими во 70. минута.
Во групата Ц Италија како гостин ја совлада Литванија со 0:2. Погодоците за Италија ги постигнаа Сенси во 48. и Имобиле во 90.+4. минута.
Во групата Д актуелниот светски шампион Франција ѝ гостуваше на Босна и Херцеговина. Гостите извојуваа минимална победа од 0:1, а единствениот гол за Франција го постигна Антоан Гризман во 60. минута од средбата.
Во групата И репрезентацијата на Англија на домашен терен ја пречека Полска. Домаќините извојуваа победа од 2:1. Погодоците за Англија ги постигнаа Хари Кане во 19. минута од пенал и Хари Мегваер во 85. минута. Единствениот погодок за репрезентацијата на Полска го постигна Мадер во 58. минута од средбата.
Резултати од вчера одиграните средби:
Група Б
Грција - Грузија 1:1
Шпанија - Косово 3:1
Група Ц
Литванија - Италија 0:2
Северна Ирска - Бугарија 0:0
Група Д
Босна и Херцеговина - Франција 0:1
Украина Казахстан 1:1
Група Ф
Австрија - Данска 0:4
Молдавија - Израел 1:4
Шкотска - Фарски Острови 4:0
Група И
Андора - Унгарија - 1:4
Англија - Полска 2:1
Сан Марино - Албанија 0:2
Група Ј
Ерменија - Романија 3:2
Германија - Северна Македонија 1:2
Лихтенштајн - Исланд 1:4