Ekipa
04 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНТАЛИЈА/МАРМАРИС (АА) - Жителите на Анталија и Мармарис денес го искористија убавото време за да уживаат во морето и плажите во Анталија, по продолжениот полициски час во текот на викендот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На фотографиите направени со дрон се гледа како луѓето рибарат и уживаат на плажите по полицискиот час.
Убавото време го искористија и жителите на Мармарис, во турската област Мугла, посетувајќи ги плажите и уживајќи во водата и риболовот.
Во Турција за Новата година е воведен тридневен полициски час, кој траеше од четвртокот во 21 часот до утринава во 5 часот по локално време, во рамките на новите мерки против вториот бран на пандемијата на Ковид-19.