Elvir Hocic
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
МЕЛБУРН (АА) - Крег Тајли, челникот на Grand Slam (Гренд слем) турнирот Australian Open (Австралијан опен), најави дека Серена Вилијамс ќе се врати на тениските терени по породувањето и во јануари наредната година ќе ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, јавува Anadolu Agency (AA).
„Серена се враќа. Се радуваме што повторно ќе ѝ бидеме домаќини и ќе ја следиме на нејзиниот пат до рушењето рекорди по бројот на освоени Grand Slam турнири“, изјави Тајли.
Најтрофејната тенисерка на сите времиња, Вилијамс, поради бременоста повремено се повлече од светот на тенисот, а во септември роди девојче по име Алексис Олимпија Оханиан.
Таа минатата година го освои Australian Open победувајќи ја постарата сестра Венус во финалето, а тогаш беше во деветтата недела од бременоста.
Директорот на Australian Open, Тајли, исто така соопшти дека победниците на претстојниот турнир во Мелбурн во двете конкуренции ќе освојат паричен чек во износ од по четири милиони долари, а вкупниот награден фонд на турнирот е зголемен за десет отсто, и изнесува рекордни 55 милиони долари.
„За првпат во историјата на Grand Slam турнирот победниците во машката и во женска конкуренција ќе добијат чекови од по четири милиони долари“, изјави Тајли.
Тој ја израдува тениската јавност и со потврдата дека на јануарскиот Australian Open и во машка конкуренција ќе настапат двајца повратници во светот на тенисот, а станува збор за Новак Ѓоковиќ и Енди Мари, кои оваа сезона отсуствуваа поради повреди.