Murat Keleş
10 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На последниот гренд слем тениски турнир годинава што се одржа во американскиот град Њујорк, во финалето се сретнаа Јапонката Наоми Осака и Американката Серена Вилијамс. Поради своето однесување на мечот, на Вилијамс ѝ е доделена парична казна во висина од 17.000 долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде организаторот на тенискиот турнир УС Опен се истакнува дека 36-годипната американска тенисерка, парично е казнета со 17.000 долари поради земање совети од тренерот од публика, вербален дуел со судијата и кршење на рекет.
Судијата на мечот, Португалецот Карлос Рамос, ја предупреди Вилијамс дека за време на натпреварот прима совети од својот тренер Патрик Муратоглу. По изгубениот поен, Вилијамс го скрши рекетот од земја, по што, според правилата на играта, судијата и досуди 15 поени казна. По овој настан, американската тенисерка, под обвинение дека извршил „кражба“, побара судијата да ѝ се извини.
По средбата и казната што ѝ беше доделена на Вилијамс, Женската тениска асоцијација (WTA) застана во заштита на американската тениерка, обвинувајќи го судијата на средбата за полова дискриминација.
Во соопштението на Женската тениска асоцијација се истакнува дека и машките тенисери на натпреварите се однесуваат на ист начин, но не се жртва на истите казни.
Во финалето на тенискиот турнир УС Опен во Њујорк, 20-то пласираната на светската ранг листа на тенисерки (WTA), Јапонката Наоми Осака, со резултат 2:0 ја совлада Американката Серна Вилијамс и стана првата јапонска тенисерка која освои еден гренд слем турнир. Серена Вилијамс и во 2009 и 2011 година, поради вербалниот дуел со главните судиите на турнирот, беше казнета парично.
- Муратоглу потврди дека ѝ давал совети на Вилијамс
Тренерот на Вилијамс, Патрик Муратоглу, по натпреварот изјави дека и покрај тоа што на Вилијамс ѝ дал совет за време на натпреварот, никогаш во својата кариера не бил казнет поради прекршување на правилата. Околу фрлањето и кршењето на рекетите од земја за време на мечот, Муратоглу изјави дека тоа е „природна и емотивна“ реакција на тенисерите.
За време на натпреварите на гренд слем турнирите, на тенисерите им е забрането да примаат совети од своите тренери.