Vesna Besiç
01 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Најдобриот босанско-херцеговски тенисер свечено е причекан денес во Сараево по големиот успех на престижниот АТП турнир во Мајами, јавува Anadolu Agency (AA).
Џумхур им се заблагодари на присутните и им порача дека е убаво и повторно да се биде во Сараево по два месеци и убавиот резултат.
Беше тука голем број на фанови но и колеги од светот на спортот кои дојдоа да му честитаат на Џумхур и да му пружат поддршка во понатамошната работа. Меѓу нив беше и репрезентативецот Миралем Пјаниќ кој прати видео порака.
"Дамире, мајсторе, сакам да ти честитам на победата над Надал. Секоја чест, за нас си голем пример. Ние сме горди на тебе, ти посакуваме се најубаво во иднина", рече Пјаниќ. Џумхур зборуваше и за можниот меч во Сараево со Новак Џоковиќ кој му е голема поддршка.
"Последни информации кои ги добив од Ноле е дека навистина сака да дојде во Сараево. Се надева дека можеме да организираме меч до крајот на годината, доколку не стасаме, тогаш тоа ќе го направиме во почетокот на следната година. По еден натпревар во секој од главните градови на поранешна Југославија, така што ќе биде натпревар во Сараево, Загреб, Белград, Љубљана, веројатно ќе одиме и во Црна Гора", истакна Џумхур.
Нагласи дека тоа беше негова иницијатива.