Doga Kirmizioglu
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Швајцарскиот тенисер и вториот рекет на светот, Роџер Федерер, на турнирите во кариерата заработил 109.853.000 долари, со што стана рекордер, оставајќи го зад себе Новак Ѓоковиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Асоцијацијата на тениски професионалци (ATP), наведуваат дека Федерер со освојувањето на турнирот во Швајцарија и со заработката на 395.000 евра, постави рекорд како тенисер со најголема заработувачка до денес.
Српскиот тенисер и поранешен прв рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, кој поради повреда ги пропушти овогодинешните турнири, минатата година стана првиот тенисер со заработка на турнирите од над 100 милиони долари. Но, титулата рекордер во рацете на Ѓоковиќ остана малку повеќе од една година, откако му ја презеде Швајцарецот Федерер.
Според економскиот магазин „Forbes“ (Форбс), Федерер, кој досега има освоено 19 гренд слем турнири, минатата година заработил вкупно 70 милиони долари, вклучувајќи спонзори и реклами, што го прави тенисер со најголема заработка во светот.
Федерер на листата 10 тенисери со рекордна заработувачка на турнирите го следат: Новак Ѓоковиќ (109.805.403 долари), Рафаел Надал (91.199.322 долари), Енди Мари (60.807.644 долари), Пит Сампрас (43.280.489 долари), Андре Агаси (31.152.975 долари), Давид Ферер (30.778.187 долари), Станислав Вавринка (30.623.544 долари), Томаш Бердих (28.220.153 долари), Борис Бекер (25.080.956 долари).