Dejan Maksimoviç
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ВИЕНА (АА) - Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди листата на судиски парови кои ќе ја делат правдата на натпреварите од ЕУРО 2018 во ракомет, кое од 12 до 28 јануари следната година ќе се одржи во Хрватска. Регионот на ова натпреварување ќе го претставуваат судиски парови од Македонија и Хрватска, пренесува Anadolu Agency (AA).
ЕХФ одреди натпреварите на Европското првенство во ракомет да го водат следните 12 судиски парови: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Македонија), Матија Губица и Борис Милошевиќ (Хрватска), Андреј Гоуско и Сиархеј Репкин (Белорусија), Вацлав Хорачек и Јири Новотни (Чешка), Мартин Гјединг и Мадс Хансен (Данска), Оскар Ралуј и Анхел Сабросо (Шпанија), Стивен Пишон и Лорен Левере (Шпанија), Ларс Гаипел и Маркус Хелбиг (Германија), Ваидас Мазеика и Миндаугас Гателис (Литванија), Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека (Португалија), Сорин-Лаурентиу Дину и Константин Дин (Романија) и Евгениј Зотин и Николај Володков (Русија).
На европското првенство во Хрватска ќе настапат 16 репрезентации, кои во првиот круг од натпреварувањето ќе бидат поседелни во четири групи од по 4 тима. натпреварите ќе се одиграат во Загреб, Пореч, Сплит и Вараждин. Пласман во вториот круг ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации по групи, а натпреварите ќе се играат во Загреб и Вараждин. Полуфиналните натпревари, натпреварите за пласман и финалето ќе се играат во загрепска „Арена”.
Интересен е фактот дека од просторот на Западен Балкан, на ЕУРО 2018 ќе играат домаќинот Хрватска, потоа Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија, додека пласман не обезбедија БиХ и Косово.