Bakir Tiro
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ЛОНДОН (АА) - Играме под можностите, не сме во форма, но верувајте знаеме колку вредиме. Наскоро ќе го видите вистинскиот Реал, изјави Лука Модриќ, првотимецот на Реал Мадрид, по синоќешниот пораз во Лигата на шампионите, од Тотенхем, со резултат 1: 3, пренесува Anadolu Agency (AA).
Реал изминатиов викенд беше поразен и во Жерона (1:2), а на „кралскиот клуб“ не му цветаат розите ниту во Премиер лигата на Шпанија.
„Немаме ниту физички, ниту психички проблеми. Едноставно сме во криза и не играме добро. Меѓутоа, верувајте, Реал знаел да се врати и после полоши ситуации. Ќе биде така и овој пат“, рече Модриќ.