Doga Kirmizioglu
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
ШТУТГАРТ (AA) - Поранешниот прв рекет на светот и еден од најдобрите тенисери на денешницата се враќа на терените по десет седмици пауза, и изјави дека сака повторно да биде шампион, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерер утре ќе настапи во второто коло од АТП турнирот во Штутгарт, а противник ќе му биде победникот од мечот меѓу Пјер Хуго Херберт и Томи Хас.
Во интервју за порталот на АТП, Федерер рече дека му недостасуваат професионалниот тенис и победите.
„Оваа година веќе нема паузи. Доста одмарав и на несакан начин станав шампион на тренингот, но сега повторно сакам да бидам шампион на теренот. Ќе настапам на сите турнири во вториот дел од сезоната“, порача Федерер.
По успешниот старт на сезоната и освојувањето на титулата на Australian Open (Аусталијан опен), Indian Wells (Индиан Велс) и Miami Open (Мајами Опен), 35-годишниот Федерер се повлече од натпреварувањата и пропушти неколку турнири.
Тој со пофални зборови говореше за Рафаел Надал, кој во тој период ги освои турнирите во Монте Карло, Барселона, Мадрид и Ролан Гарос.
„Рафа би можел повторно да биде број еден на светот и има голема шанса за тоа. Важно е само да нема проблем со повредите. Секако дека и јас се надевам на продолжување на победничката серија што ја завршив во Мајами“, рече Федерер.
Истакнувајќи дека до крајот на сезоната ќе биде водена епска борба за врвот на АТП листата, Федерер рече дека формата ја подигнуваат и Енди Мареј, Новак Џоковиќ, Кеи Нишикори и Станислас Вавринка.