Serhat Bağbars
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој во светски рамки има освоено најголем број Гренд слем турнири (18), покрај успехот на теренот, се наоѓа и меѓу спортистите со најголеми приходи, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерер својот последен успех го постигна освојувајќи го Гренд слем турнирот Австралија опен, победувајќи го шпанскиот тенисер Рафаел Надал во финалето. Федерер продолжува со своите успесите на секое поле, како што тоа го постигна со приливот на средства во 2016 година од тениските турнири и од рекламите.
Според податоците од истражувањето што го направи списанието „Форбс“, 35-годишниот Федерер, кој на светската ранг-листа се наоѓа на 9. место, во 2016 година освои 7,8 милиони долари од учества на турнири и 60 милиони долари од реклами, со што стана еден од спортистите со најголем приход во светот.
Со вкупен приход од 67,8 милиони долари, Швајцарецот стана тенисер со најголем приход во светот, притоа 4. спортист меѓу активните спортисти, а на 16. место меѓу светски познатите ѕвезди. Покрај тоа, со приходот од 60 милиони од реклами, Федерер се наоѓа на првата позиција меѓу активните спортисти.
- Федерер е пред Ѓоковиќ и Надал -
Покрај Роџер Федерер, уште 6 тенисери се истакнуваат според своите приходи во 2016 година.
Светскиот рекет број 2, Србинот Новак Џоковиќ, со приход од 21,8 милиони долари од турнири и 34 милиони од реклами се наоѓа веднаш зад Федерер.
Рафаел Надал, кој во финалето на првиот Гренд слем турнир, Австралија опен, загуби од Федерер, со приходи од 5,5 милиони долари од турнири и 32 милиони долари од реклами се наоѓа на третата позиција меѓу тенисерите според висината на приходите.
Јапонскиот тенисер Кеј Нишикори со приход од 3,5 милиони долари од турнири и 30 милиони долари од реклами се наоѓа на четвртата позиција меѓу тенисерите, според висината на приходите. Тенисерката Серена Вилијамс со 8,9 милиони долари од турнири и 20 милиони од реклами се наоѓа на 5. позиција според приходите.
Светскиот рекет број 1, Британецот Енди Мареј, со приход од 8 милиони долари од турнири и 15 милиони долари од реклами се наоѓа на 6. позиција, а по него следи руската тенисерка Марија Шарапова со 1,9 милиони од турнири и 20 милиони од реклами.
- Меѓу спортистите, Федерер се наоѓа на 4. позиција -
Федерер кој е тенисер со најголеми приходи во светот, меѓу активните спортисти се наоѓа на 4. позиција.
Фудбалската ѕвезда од редовите на Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо, со вкупен приход од 88 милиони долари се наоѓа на врвот од листата на спортисти со најголем приход. По него следи Аргентинецот Лионел Меси, од редовите на Барселона, со 81,4 милиони долари.
Трет на листата на активни спортисти со најголеми приходи во светот е кошаркарот на Американската професионална лига (НБА) од редовите на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс со 77,2 милиони долари.
- Меѓу познатите, Федерер е на 16. позиција -
Швајцарскиот тенисер кој е прв меѓу тенисерите и 4. меѓу активните спортисти, меѓу светските познати ѕвезди се наоѓа на 16. позиција.
Американската пејачка Тејлор Свифт со приход од 170 милиони долари се наоѓа на првата позиција на листата за 2016 година меѓу познатите. На втората позиција е музичката група од Велика Британија, „Уан дајрекшн“ (One Direction) со приход од 110 милиони долари.
На трето место, со 95 милиони долари се наоѓа американскиот писател Џејмс Петерсон, додека на 4. позиција со приход од 88 милиони долари се наоѓаат фудбалската ѕвезда, Португалецот Роналдо и американската телевизиска ѕвезда Фил Макгроу.