AP
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Откажан е турнирот во Вашингтон, кој требаше да го одбележи службеното враќање на професионалниот тенис за мажи по прекинот на сите натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сити опен во Вашингтон, чии квалификации требаше да започне на 13. август, е откажан како што објасни менаџерот на турнирот Марк Ајн поради „премногу нерешени надворешни прашања, вклучувајќи различни меѓународни ограничувања во патувањата, како и загрижувачките трендови во поглед на здравјето и безбедноста“.
Машките и женските тениски турнири запрени се од месец март, а планирано е повторно да почнат да се играат следниот месец. Првиот настан според последиот објавен календар е женскиот турнир во Палермо во Италија, кој би требало да започне на 3. август.
Бидејќи турнирот на тврда подлога во Вашингтон е откажан, прва шанса мажите да играат натпреварувачки натпревари ќе биде Мастер турнирот кој обично се играше во Синсинати, но оваа година поради пандемијата на Ковид-19 е преместен на теренот на Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“ во Њујорк, каде се игра и УС Опен. Почетокот на турнирот е закажан за 22. август.
Потоа на истиот терен ќе следи Гренд слем турнирот УС Опен, чиј почеток е закажан за 31. август.