Can Erözden
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Првиот светски рекет, Рафаел Надал, не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен 2020, откако попладнево загуби од Австриецот Доминик Тим со 3:1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тим за првпат го задржа своето место во полуфиналето, освојувајќи го четиричасовниот натпревар против Надал со сетови од 7:6, 7:6, 4:6, 7:6 на арената „Род Лавер“.
Рафаел Надал, 19-кратниот шампион во „гренд-слем“ синглови, стана шампион на Австралија опен во 2009 година, негова единствена титула на турнирот.
Триесет и тригодишниот играч не беше во можност да ја заврши својата 11-годишна мисија во Мелбурн.
По неговиот единствен триумф на Австралија опен, Надал играше финале во 2012, 2014, 2017 и 2019 година во Австралија.
„Едвај чекам да се вратам в петок“, изјави Тим по неговата победа.
Во овогодишното полуфинале Тим ќе се соочи со германскиот противник Александар Зверев.
Во вториот полуфинален дуел ќе играат Швајцарецот Роџер Федерер и Новак Џоковиќ.