Yunus Kaymaz
11 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
ЛОНДОН
Романката Симона Халеп е првата финалистка на овогодишниот Вимблдон во женска поединечка конкуренција, јавува Anadolu Agency (AA).
Халеп на турнирот во Лондон ја совлада осмата тенисерка на светот, Украинката Елина Свитолина.
Мечот на централниот терен траеше 72 минути, а седмата светска тенисерка победи со 6:1 и 6:3 во сетови.
Ова е нејзиното прво финале на Вимблдон во кариерата.
Халеп минатата година ја освои првата грен-слем титула на францускиот Опен.