Yunus Kaymaz
12 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч соопшти дека завршил со активното играње фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
Триесет и осумгодишниот Англичанец, кој во текот на својата кариера ги носеше дресовите на 11 клуба, меѓу кои и на екипите на Портсмут, Астон Вила, Ливерпул и Тотенхем, преку својот профил на социјалните мрежи објави дека ја завршил својата професионална фудбалска кариера.
Крауч за време на активното играње фудбал, 108 пати ги затресе противничките мрежи, освојувач е на ФА купот, а во 2007 година со тимот на Ливерпул играше во финалето на УЕФА Лигата на шампиони.
Крауч за репрезентацијата на Англија настапи на 42 натпревари и постигна 22 погодоци.