İnci Gündağ
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ЛОНДОН (АА) - Владата на Англија изјави дека до 2020 година во кралството Велика Британија ќе прифати 2.000 деца-бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-министерот од министерството за внатрешни работи на Англија, одговорно за безбедност и миграции, Џемс Брокеншајр, изјави дека 3.000 деца-бегалци кои ќе бидат прифатени со решението од минатата година, не спаѓаат во бројката од 20.000 бегалци кои до 2020 година треба да бидат сместени на територијата на кралството на Велика Британија.
Брокеншајр истакна дека со новиот план за прифаќање, покрај децата без придружба и припадници на малолетнички бракови, ќе бидат прифаќани и деца кои спаѓаат во групата на ранливи категории подложни на злоставување и додаде, "Кралството на Велика Британија продолжува со подршка и спас на децата загрозени од настанатата човечка криза".
Со зборовите: "Повторното сместување на децата е најголем светски проект" Брокеншајр го претстави новиот владин проект. Државата предност ќе им даде на децата кои ќе дојдат со своите семејства или нивна придружба.