Ekipa
12 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе поведе дисциплинска постапка против фудбалските сојузи на Англија и Русија поради синоќешните немири на стадионот во Марсеј, а поголема казна ѝ се заканува на Русија со оглед на тоа што на снимките се гледа дека нивните навивачи ги напаѓаат англиските навивачи, јавува Anadolu Agency (AA).
По тридневните тепачки меѓу англиските, француските и руските навивачи во францускиот заливски град, насилството продолжи и на стадионот Велодром. Англичаните пред натпреварот од групата Б ја исвиркуваа химната на Русија, а по натпреварот кој заврши нерешено (1:1), навивачите се судрија на самиот стадион.
„УЕФА можe да преземе дисциплински мерки за инцидентите кои се случија во рамките на периметарот на стадионот”, се вели во соопштението на УЕФА.
Русите веќе имаат досиеа за навивачки испади на стадионите на големите натпреварувања, а пред четири години на Европското првенство во Полска се судрија со редарите.
Англија најверојатно ќе добие поблага казна бидејќи нејзините фанови не правеа нереди за време на последниот Европски шампионат и квалификациите.