Ekipa
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги предупреди Англија и Русија дека нивните тимови би можеле да бидат дисквалификувани од ЕУРО 2016 доколку навивачкото насилство продолжи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претходно УЕФА објави дека ќе покрене дисциплинска постапка против фудбалските сојузи на Англија и Русија поради синоќешните нереди на стадионот во Марсеј, а поголема казна и се заканува на Русија бидејќи на снимките се гледа дека нивните навивачи ги нападнаа Англичаните.
По три дена физичка пресметка помеѓу англиските, француските и руските навивачи на францускиот пристанишен град, насилството продолжи и на стадионот Велодром. Англичаните пред почетокот на натпреварот од групата Б ја исфиркаа химната на Русија, а откако натпреварот заврши со нерешен резултат (1:1) навивачите започнаа физички да се пресметуваат на самиот стадион.
„УЕФА единствено може да преземе дисциплински мерки за инцидентите кои се случија во рамките на стадионот", се наведува во соопштението на европската куќа на фудбалот.