Aslı Aral
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Англија, Дејвид Камерон, изјави дека доколку за претседател на САД се избере претендентот за кандидат од Републиканската парија, Доналд Трамп, со него ќе воспостави добри односи, бидејќи двете земји ги врзуваат специјални односи кои се многу поважни од одредени лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Камерон во изјавата која ја даде за англискиот канал ITV, рече дека може да се забележи дека Трамп се откажал од размислувањето муслиманите да не патуваат во САД.
„Добро е да се види дека се откажал од тоа размислување“, рече Камерон и додаде: „Во САД живеат милиони муслимани кои даваат голем придонес за државата. И во Англија живеат повеќе од еден милион муслимани кои даваат голем придонес за државата. Затоа, правилна е одлуката да се откаже од дадениот предлог.“
Во врска со изборите во САД, Камерон изјави дека кој и да победи Англија ќе има добри односи со избраниот претседател.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД, Англија ќе има добри односи со избраниот претседател, како што беше случај и досега. Доколку претседателски кандидат на САД, како и во минатото, за време на својата предизборна кампања дојде во Англија, ќе се сретнам со него. Англија и САД имаат посебна взаемна соработка. Ова е многу поважно од личностите.“
Се очекува Доналд Трамп да пристигне во Шкотска на 22-ри јуни, ден пред референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ, да го посети својот терен за голф. Засега не се очекува средба меѓу Камерон и Трамп.
Премиерот на Англија, Камерон, претходно ја критикуваше кампањата на Трамп во која тој предлагаше забрана за влез на муслиманите во САД со зборовите „глупаво, расистички и погрешно“.