İdris Okuducu
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ЕРБИЛ (АА) - Командантот на Министерството за пешмергиите на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак, Сирван Барзани изјави дека терористите на ДАЕШ ги нападналe нивните позиции фрлајќи проектили со хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
"Терористите на ДАЕШ во текот на минатата недела во два наврати ги нападнаа нашите позиции со 12 проектили со хемиско оружје. Во таа прилика загина еден, а повредени беа шест наши војници", рече Барзани, во изјавата за печатот во Ербил.
Тој рече дека силите на Пешмергиите се немоќни во однос на хемиското оружје, и додаде дека иако ваквите напади не се многу чести, на позициите се неопходни медицински ресурси во случај на повредени војници.
Барзани истакна дека силите на Пешмергиите учествуваат во акцијата за ослободување на градот Мосул и целосно уништување на терористичката организација.
"Донесена е одлуката за да се вклучиме во акцијата за ослободување од Мосул, но детали за тоа од кој фронт ќе се вклучиме уште не е познато", рече Барзани.