Ekipa
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
ГАУХАТИ (АА) - Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрон на земјиште во оддаелечениот североисточен дел на Индија на границата со Кина, при што настрадаа најмалку 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник, Набин Пајенг, изјaви дека одронот се случил во работниот логор на градилиштето во Таванг, туристичко место во Аруначал Прадеш, рано утринава.
„Спасителите пронајдоа 15 безживотни тела а трагаат по уште двајца работници за кои се стравува дека се потрупани во рушевините, изјави полицискиот службеник Набин Пајенг. Тројца работници успеаа да избегаат од логорот кој се наоѓа на надморска висoчина од преку 3.000 метри”, изјави Пајенг.
Свлечиштата се вообичаени во североисточниот дел на Индија и се случуваат за време на сезоната на монсуните, кои траат од јуни до септември.