Daniel Gallego,Hüseyin Mahmud
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
КАИРО (АА) - Официјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) Али Затери повика да се истражат деталите за причините за давењето на 500 мигранти во Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение Затери истакна дека меѓународната заедница нема да остане настрана кога станува збор за ваков вид на трагедија и дека е потребно институциите да го испитаат овој случај.
Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) во средата соопшти дека во бродолом во Средоземното Море, во просторот меѓу Италија и Либија, се удавиле околу 500 мигранти, а 41 беше спасен.