Erbil Başay
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
БЕРЛИН (АА) - Во текот на минатата година во Германија исчезнале 5.835 малолетни бегалци, кои сè уште се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Германија објави дека во текот на 2015 година во таа земја исчезнале вкупно 8.006 малолетници бегалци, вклучувајќи ги и оние кои се по потекло од Авганистан, Сирија, Еритреја, Мароко и Алжир.
Министерството, исто така, наведува дека се пронајдени 2.171 малолетно лице, а дека 5.835 од нив сè уште се водат за исчезнати.
Посочувајќи дека причината за исчезнувањето на малолетните бегалци е непозната, министерството наведува дека меѓу исчезнатите, 555 деца се на возраст под 14 години.
Министерството за внатрешни работи на Германија објави дека во таа земја и понатаму за исчезнати се водат 5.835 малолетни бегалци и дека сè уште не е позната причината зошто и под кои услови исчезнале.