Amina Zorniç
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Жителите на североисточниот малезиски град Пенанг на градилиште пронајдоа змија за која се верува дека е најдолгата змија во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според британски "Гардијан", станува збор за видот Python reticulatus, кој е населен во југоисточна Азија и се смета за најдолгата змија во светот.
Според податоците на полицијата, змијата е долга осум метри и тежи 250 килограми.
Најдолгата змија во светот која го држи Гинисовиот рекорд е пронајдена во 2011 година во САД, Мисури. Таа беше долга 7.67 метри и тежеше 158,8 килограми.