Ekip
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ПАРИЗ (AA) - Шпанецот Рафаел Надал се повлече од Мастерс турниорт во Париз поради повреда на десното колено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот тенисер, кој имаше превез на десното колено во текот на третиот сет од мечот од третото коло во кое победи Пабло Куевас, рече дека нема да може да настапи против наредниот противник Србинот Филип Крајиновиќ.
„Болката во текот на мечот, кој го играв во четврток, беше неподнослива", рече Надал и додаде дека не знае дали ќе биде спремен за АТП финалето во Лондон следната седмица.
Но, рече дека доколку коленото му создава болка како сега, дека ќе биде тешко изводливо, бидејќи во таква состојба не може да игра.
На крајот, Надал истакна дека ќе се консултира со докторите за да ја процени правилно состојбата на коленото.