Bedrudin Brlyavac
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Рафаел Надал, моментално најдобриот тенисер на светот, изјави дека е многу тажен поради последните политички случувања во Шпанија околу референдумот во Каталонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Надал изјави дека не му е сосема јасно како дошло до поделба во неговата земја во врска со гласањето за независност на Каталонија.
„Ми се плаче кога гледам што се случува. Заедно бевме вистински пример за целата планета. Вчера испративме многу лоша слика за Шпанија во светот“, изјави Надал за новинарите во Пекинг, каде што игра на турнирот.
„Изненаден сум и разочаран“, додаде Надал, и нагласи дека таквите проблеми се решаваат со дијалог, а не со насилство.
„Единствениот начин е да разговараат двете страни во конфликтот и да пронајдат договор. Ќе живееме заедно до крајот на животот, не е време да се бара вина, иако сигурно постои кај поединци. Народот е изманипулиран, што предизвика хаос кој не смееше да се случи. Срцето ми е скршено“, изјави Шпанецот.