Şenhan Bolelli
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
МАДРИД (АА) - Поради сепаратистички иницијативи и поради игнорирање на судските покани беше приведена Монтсе Вентурос, градоначалничката на градот Берга. Берга има 16 илјади жители и се наоѓа во автономната покраина Каталонија, во источниот дел на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанската новинска агенција ЕФЕ соопшти дека во операција од страна на полицијата во нејзината куќа, приведена е градоначалничката на градот Берга. Беше соопштено дека истрагата против градоначалничката Монтесе Вентурос започнала откако на општите избори на 20 декември, и на парламентарните избори на 27 септември минатата година во Каталонија, пред влезот на зградата на општината поставила неуставни обележја. Монтесе Вентурос е од редовите на Народната унија (ЦУП).
Според извори од полицијата, споменатата градоначалничка не одговорила на ниту една покана од судот. Вентурос одбива да излезе пред судија. Со цел да биде сослушана, таа е приведена и ќе биде изведена на суд.
Во меѓувреме, ЦУП повика на протести пред зградата на судот во Берга, против приведувањето на Вентурос. Поради истрагата, градоначалничката Вентурос двапати беше повикана на сослушување од страна на судот, но таа преку писмена изјава на интернет-страница соопшти: „Ќе продолжам со непослушноста и нема да одам на суд. Јас одговарам само пред народот“.