Şenhan Bolelli
23 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
МАДРИД (АА) -Гробницата на светски познатиот шпански писател, Мигел де Сервантес, беше дозволена за посети од страна на туристи, јавува Anadoly Agency (AA).
Дозволениот пристап за посета на гробницата на Сервантес, која беше прикажана пред јавноста минатата година по повод 400 години од смртта на писателот, претставува нова надеж за зголемување на намалениот број на туристи во Мадрид.
Одлуката за одобрен пристап за посета на гробницата на шпанскиот писател, која се наоѓа во црквата Конвенто Де Лас Тринитариас, беше донесена од Градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармена на 22 април (денот на смртта на Сервантес).
Цената на влезницата за туристите изнесува 2 евра по лице. Во информациите дадени од овластените во општината, се наведува дека до 31 април гробот ќе биде може да се посетува секој петок и сабота, при што ќе биде обезбеден водич на Шпански и Англиски јазик како пратител на туристичките групи до 25 лица.
Покрај останатото, по повод 400 години од смртта на авторот на романот Дон Кихот, Сервантес, во текот на викендот во неговото родно место Алчала Де Хенарес, во Мадрид, ќе бидат организирани многубројни активности, се наведува во дадените информации.