Şenhan Bolelli
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Речиси 1.500 овци и кози ги блокираа улиците во центарот на Мадрид, поради манифестацијата којашто датира уште од периодот на Средниот век, јавува Anadolu Agency (AA).
„Trashumanciа“ е традиционално преместување на добитокот од постојаните летни на зимските пасишта, кое потекнува од Средниот век, а од 1994 година во Мадрид е обновен како фестивал за поттикнување на одгледувањето овци.

По тој повод, денес десетици сточари облечени во традиционални носии поминаа со стадата добиток низ центарот на Мадрид, каде што сообраќајот беше блокиран.
Настанот, кој траеше шест часа, беше поддржан од градоначалничката на Мадрид, Мануелa Карменa.

По примерот на средновековната традиција, сточарите на градоначалничката Карменa, на плоштадот „Cibeles“ (Чибеле), со старите шпански банкноти симболично ѝ плаќаа за преминување на стоката.