Ekipa
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - МУХАММЕД МИСТО - Неухранетоста во Источна Гута, која се наоѓа во сирискиот главен град Дамаск, и е под блокада на Асадовиот режим, е причина за смртност кај децата во регионот, каде што во последните два дена починаа уште две деца, пишува Anadolu Agency (AA).
Околу 400 илјади цивили во Источна Гута, која се наоѓа во источниот дел на Дамаск, повеќе од пет години се под блокада од страна на Асадовиот режим.
Иако Источна Гута е прогласена за една од зоните на деескалација (зона без судири) врз основа на договорот постигнат во казахстанскиот град Астана, меѓу земјите гаранти, Турција, Русија и Иран, Асадовиот режим продолжува со воздушните напади.
Голем број здравствени центри и магацини за лекови станаа неупотребливи како резултат на нападите на режимот.
Во текот на последните месеци режимот и странските терористички групи, поддржувачи на режимот, ги спречуваат жителите на Источна Гута да дојдат до потребните средства преку тунели или пак трговските посредници.
Храната за деца како и млекото во регионот се целосно потрошени.
Според новинарот на АА во Источна Гута, едномесечното бебе, Сехер Дифда, кое е подврнато на лекување веднаш по раѓањето, вчера почина поради неухранетост.

Снимките од последните мигови од животот на бебето во здравствениот центар каде што се лекуваше, беа регистрирани од камерата на АА. На снимките се забележува дека бебето е мошне слабо и изнемоштено.
Бебето е погребано во утринските часови од страна на неговото семјество.
Д-р Јахја Абу Јахја, директор на Одделот за здравство при Институтот за развој во Сирија, за АА изјави дека бебето Сехер не успеало да се развие во мајчината утроба поради неухранетост. Тој истакна дека по едномесечните напори во недостиг на медицински средства, бебето ја загуби борбата за живот.
- И бебето Убејд почина поради неухранетост -
„Како резултат на неухранетост предизвикана поради петгодишната интензивна блокада во Источна Гута од страна на режимот и неговите поддржувачи, едномесечното бебе Убејд го загуби својот живот во центарот каде што беше на лекување“, се вели во соопштението на медиумскиот центар на Источна Гута, објавен на социјалните мрежи.
Од Центарот нагласија дека поради блокадата на режимот не може да се најде доволно количество храна и млеко, и тоа предизвикува интензивно зголемување на смртните случаи кај новороденчињата.
- Неуспешен обидот за произведување лекови -
Д-р Исмаил Хаким, специјалист педијатар од Центарот за итна нега „Ел Хаким“ во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, во изјава за АА истакна дека се обиделе да произведуваат домашни лекови користејќи производи како пченица, ориз и шеќер за лекување на децата кои се соочуваат со неухранетост.
„За жал, лековите што ги добивме беа недоволни и скапи. Овие лекови задоволија само 10 отсто од нашата потреба за лекови. Се откажавме од производството на лековите поради високата цена“ рече тој.
Истакнувајќи дека во последен период се зголемени смртните случаи предизвикани од неухранетост, Хаким нагласи дека секое четврто дете страда од недостиг на храна.
Хакин вели дека воената средина и блокадата од психолошки аспект влијае врз мајките, и како резултат на тоа се случуваат големи проблеми во развојот на децата кои се хранат со мајчино млеко.
Рим Веџди, медицински техничар во болницата „Дер Шифа“ во Источна Гута, пренесе дека се обидуваат да ја подобрат состојбата на едно седум месечно бебе во центарот, давајќи му редовно адаптирано млеко. Веџди нагласи дека децата во регионот имаат потреба од млеко и редовна исхрана.
Новороденчето Мухамед, кое беше спасено со тешка операција во здравствениот центар сокриен под земја во Источна Гута, не можеше да ги издржи условите на опсадата и почина минатата недела.