Hüseyin Yıldız
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ИГДИР (АА) - Жените од источната турска покраина Игдир ја чуваат традицијата на ткаење килими стара илјада години на подрачјето на Кавказ и Анадолија, пишува Anadolu Agency (AA).
Со цел зачувување на оваа традиција, неколку институции од подрачјето на Игдир покренаа курс за ткаење со чија помош жените имаат финансиска поддршка. На тој начин заработуваат и им помагаат на своите семејства.
Поголемиот број села од околината на Игдир ја оживуваат и чуваат илјада години старата традиција. Присуствувајќи на курсот и учејќи за ткаењето на традиционалните килими тие дневно заработуваат 7,5 евра.
Меѓутоа, по завршениот курс некои од нив веќе добиваат понуди за изработка на килими, додека некои почнуваат да работат во фабрики. Исто така, има и такви од кои се бара помош кога станува збор за поправање на стари килими.
Директорот на Центарот за образование во Игдир, Хакан Чирит, рече дека курсот го покренале со цел да ја зачуваат традицијата на ткаење на килими на ова подачје а воедно и да им обезбедат на жените некаков вид на приход.
Според неговите зборови, килимите имаат различни дезени и мотиви, како оние кои на подрачјето на Турција дојдоа од Карабах и Азербејџан. На овој начин, истакна Чирит, се соединуваат различни мотиви, различни народи и се создава прекрасен спој на две држави, а еден народ.