Elvir Hociç
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал десетти пат стана победник на турнирот Ролан Гарос, јавува Anadolu Agency (AA).
Надал денес на терен во Париз со резултат 3:0 во сетови го победи швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.
Резултат по сетови изнесуваше 6:2, 6:3 i 6:1, што само по себе зборува за доминацијата на Надал на теренот.
Надал во кариерата освои вкупно 15 Grand Slam трофеи од 21 одиграно финале, а во финалето на Ролан Гарос има совршен резултат од сите десет победи.