Admir Fazlagic
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - По првото полувреме од квалификациски натпрвар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, од „Г" групата за Светското првенство 2018 во Русија, води гостинската репрезентација со резултат 0:2, јавува Anadolu Agency (AA).
По првите 15 минути игра дојде до водство од 0-1, при што од првата своја шанса, Давид Силва доби топка шеснаестерецот и од десеттина метри успеа да го совлада голманот Столе Димитриевски.
Шпанците го зголемија водството со уште еден гол. По неколку кратки додавања и добар продор на Иско, „фуријата“ во 27. минута со голот на Давид Коста дојде до резултат 0:2.