Hüseyin Burak Demirer
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Поранешниот прв рекет на женскиот тенис во светот, Марија Шарапова, поради повреда нема да настапува на третиот и најважен гренд слем турнир во Вимболдон, јавува Anadolu Agency (AA).
Шарапова преку социјалните мрежи соопшти дека поради повреда ќе ги пропушти следните турнири на тревна површина.
Таа се повреди на мечот од второто коло на турнирот во Рим уште од почетокот на мај, а се покажа дека станува збор за потешка повреда на мускулот на ногата.
Претходно, Шарапова изјави дека нема да бара специјална покана за учество на Вимболдон, туку дека за настап на тој турнир, кој се смета за неофицијално тениско светско првенство, ќе се обиде да се избори со настап на квалификацискиот турнир на тревна површина во Рохамптон. Пропуштањето на тој турнир значи дека Шарапова го пропушта и Вимболдон, кој се игра од 03 до 16 јули.
Враќањето на Шарапова на теренот се очекува на турнирот во американскиот Станфорд, кој почнува на 31 јули.
Откако отслужи 15-месечна казна со суспензија поради позитивен тест на допинг, Шарапова во светот на тенисот се врати на крајот на април на турнирот во Штутгарт. Таа настапи и на турнирот во Мадрид и во Рим, а не доби покана за францускиот Ролан Гарос.