Ekip
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - Уставниот суд на Шпанија соопшти дека нема да ја разгледа парницата што ја започна сега распуштената Влада на Каталонија, поради вонредните мерки што ги активираше централната шпанска Влада за да го запре процесот на отцепување на регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Уставниот суд денес е соопштено дека не можат да ја разгледаат жалбата, бидејќи регионалната каталонска Влада ја поднела прерано. Судот наведе дека жалбата е предадена пред Сенатот со гласање да го одобри активирањето на уставниот член 155, што на централната Влада ѝ овозможи повторно да воспостави владеење на правото во Каталонија.
Уставниот суд исто така одлучи да отфрли ги трите комплементарни закони кои ги усвоија сепаратистичките пратеници во Парламентот на Каталонија, како дел од незаконскиот референдум за сецесија одржан на 1 октомври.
Судот претходно, на 17 октомври, одлучи дека свикувањето на референдумот било незаконско, бидејќи само Парламентот на Шпанија може да се занимава со прашања поврзани со државниот суверенитет и затоа што Уставот вели дека Шпанија е неделива.