Hüseyin Burak Demirer
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
AНКАРА (AA) - Марин Чилиќ успеа да се пласира во полуфиналето од првиот овогодишен тениски гренд слем турнир Австралија Опен, откако Рафаел Надал го предаде натпреварот во петтиот сет поради повреда, јавува Anadolu Agency (AA).
Во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн играа светскиот играч број еден, Рафаел Надал, и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.
Првиот сет го освои Надал со 6:3. Потоа Чилиќ го изедначи резултатот на 1:1 освојувајќи го вториот сет со ист резултат. Третиот сет го доби Надал во тај-брејк со 7:6 (7-5), со што поведе со резултат 2:1.
Надал побара медицинска пауза во 4. сет, поради повредата на десната нога. Овој сет го освои Чилиќ со резултат 6:2 и „борбата“ за финалето ја префрли во последниот 5. сет.
Поради повредата која стануваше се посериозна во почетокот на 5. сет, Надал при резултат 2:0 за Чилиќ го предаде натпреварот. На тој начин, хрватскиот тенисер Чилиќ уште еднаш обезбеди полуфинале на Австралија Опен по 2010 година.
Од друга страна, шпанскиот тенисер Надал мораше да се збогува со Австралија Опен, каде што беше шампион во 2009 година, а на трипати играше во финалните натпревари.
Чилиќ во полуфиналето ќе игра против Британецот Кајл Едмунд кој се наоѓа на 49. место на светската листа на тенисери.