Dejan Maksimoviç
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
МАНЧЕСТЕР (АА) - Белгискиот репрезентативец Кевин де Бројне, потпиша нов договор со Манчестер Сити, кој трае до 2023 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на Премиер лигата на Англија, одлучи да го награди Де Бројне со нов договор, иако претходниот му трае до 2021 година. Но, прекрасните партии кои Белгиецот ги даде оваа сезона ги натераа „граѓаните“ да се осигураат и да потпише нов договор.
Оваа сезона одигра 22 натпревари во Премиер лигата, и постигна шест голови, а запиша дури десет асистирања.
Де Бројне во Манчестер Сити стигна во 2015 година и оттогаш има одиграно 120 натпревари и има постигнато 31 гол. Претходно настапуваше за Генк, Челзи и Волфсбург од кој стигна на „Етихад“. Во дресот на репрезентацијата на Белгија, 26-годишниот играч за врска настапи 58 пати, и имаше 13 погодоци.