Yunus Kaymaz
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Манчестер сити, предводена од шпанскиот фудбалски експерт Пеп Гвадиола, почнувајќи од 9 септември, со победата над Ливерпул со 5:0, во 5 натревари оствари исто толку победи, од кои 3 во Премиер лигата и 2 во Лигата на шампионите, при што постигна вкупно 22 погодока, јавува Anadolu Agency (AA).
Во „Лигата на гигантите“, Манчестер јунајтед го совлада Фејенорд со 4:0, Шахтјор 2:0, додека во Премиер лигата, екипата на Ливерпул со 5:0, Ватфорд 6:0 и Кристал палас со 5:0. Голманот Еделсон (24), кој во редовите на Манчестер сити дојде до редовите на Бенфика, успеа да ја сочува недопрена мрежата на својот гол.
- Почеток со погодоци во Премиер лигата -
Манчестер сити е една од екипите со најдобар старт оваа сезона во Премиер лигата.
Во 25-годишната историја на Премиер лигата, рекордот на постигнати 22 погодока во првите 6 недели од првенството се наоѓа во рацете на Манчестер јунајтед (сезона 2011/2012) и Њукасл јунајтед (сезона 1994/1995).
Во изминатите недели, Манчестер сити успеа да постигне 21 погодок, и по Арсенал (сезона 2004/2005) и Челзи (сезона 2010/2011), стана трета екипа на којашто тоа и успеало. Интересен е фактот што и Манчестер јунајтед и Арсенал во сезоната во којашто имале најефикасен старт, не успеале да ја освојат титулата во Премиер лигата.
- Амајлија може да ги разбие поразите во Лондон -
Манчестер сити, кој минатата година имаше подобар почеток, со постигнати 6 победи во 6 натпревари, во седмото коло на гостувањето во Лондон беше поразен.
По Шпанија, Гвардиола и португалскиот експерт Жозе Мурињо имаа дерби и во Англија, од кое како победник излезе каталонскиот експерт, но во 7 коло од Премиер лигата загуби со 2:0 од Тотенхем, и ја зауби титулата на непоразена екипа.
Манчестер сити кој оваа година против лондонските екипи Ватфорд и Кристал палас постигна вкупно 11 погодоци, в сабота гостува кај шампионот Челзи.