Alma Dekovıc
02 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
МАНЧЕСТЕР - Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер сити изјави дека неговиот клуб никогаш нема да се откаже од титулата, откако актуелниот првак на Англија го совлада Евертон со резултат 2:1 и ја намали бодовната разлика на табелата во однос на лидерот Ливерпул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Кога си далеку од првото место, луѓето честопати се откажуваат, но ние тоа нема да го сториме. Игравме одлично, така што среќен сум поради играчите. Ова е тежок период, но доборо го одработивме“, изјави Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити.
Победата на „граѓаните“ им ја донесе Габриел Жезус, кој на двапати ја зетресе мрежата на Евертон.
По 21. коло во Премиер лигата, Сити се наоѓа на третата позиција со 44 бода, еден помалку од второпласираниот Лестер и 11 бода помалку од Ливерпул, лидерот на табелата, кој има и два натпревари помалку.
Гвардиола пред натпреварот со Евертон изјави дека неговиот тим мора „повеќе да работи, подобро да игра и да се моли“, за да го намали заостанувањето зад Ливерпул.
„Ќе го направиме тоа што го можеме. Но постојат некои работи кои не можеме да ги контролираме. Не можеме да го контролираме она што извонредниот тим на Ливерпул го направи досега, а тука се и некои други нешта над кои немаме контрола“, порача Гвардиола, пренесува „Би-би-си“ (BBC).